Финансии / Банкарство

АРБЕРИ ЌЕ ЈА ПРИБЛИЖИ ТИРАНА ДО МАКЕДОНИЈА ЗА 100 КИЛОМЕТРИ

блиц Македонија

Владата на Албанија го отвори тендерот за изградба на патот „Арбери“ кој ја поврзува Тирана со најблиските албански градови до границата со Македонија. Со изградбата на патот треба да се намали оддалеченоста на Тирана од македонската граница кај Дебар од 178 на 70 километри. Според проектантот Фарук Каба овој проект се очекува да има голем придонес за развојот на овој дел на Албанија, кој е еден од најнеразвиените региони на земјата. Локалните власти на албанскиот пограничен град Пешкопеја и претставниците на локалната власт во Дебар очекуваат дека овој пат значајно ќе ја зголеми соработката на економски план меѓу пограничните општини на двете страни на границата, но и севкупната соработка меѓу Македонија и Албанија. Изградбата на патот треба да овозможи полесен пристап на македонските компании до пристаништето во Драч, кое треба да претставува алтернативен пристап до море за Македонија по Солунското пристаниште. Вредноста на проектот се проценува на 250 милиони евра и ќе се гради со партнерство меѓу државата и приватните компании.

ПРЕПОРАЧАНО