Финансии / Банкарство

ПО МУДИС И ЕС ЕНД ПИ ГО НАМАЛИЈА КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА КИНА

блиц свет

Ес енд Пи глобал рејтингс (S&P Global Ratings)  за прв пат од 1999 година го намали кредитниот рејтинг на Кина. Агенцијата минатогодишната оценка од АА- ја сведе на А+, што сѐ уште претставува високо инвестициско ниво. Еден од главните ризици со кои се соочува кинеската економија според агенцијата е пребрзиот раст на долгот на државата на кој се потпира и растот на целата економија. Анализите на агенцијата покажуваат дека растот на долгот директно влијае на намалената финансиска стабилност на земјата со што параметрите за економските и финансиските ризици значително се зголемиле. Ова претставува второ намалување на кредитниот рејтинг на Кина имајќи предвид дека Мудис во мај оваа година, поради истите причини, исто така го намалија кредитниот рејтинг на земјата, според нивната скала од Aa3 на A1. Кинеските власти негодуваа на новата оценка на Ес енд Пи нарекувајќи ја неточна, нестручна и тенденциозна. Во 2007 година кинеската економија растеше со 14,2 %, додека минатата растот беше „само“ 6,7 %.

ПРЕПОРАЧАНО