Финансии / Банкарство

ДАУ КЕМИКАЛ И ДУПОНТ СЕ СПОИЈА ВО НАЈГОЛЕМАТА ХЕМИСКА КОМПАНИЈА ДАУДУПОНТ

блиц свет

Дау кемикал (Dow Chemical) и Дупонт (DuPont), две години откако објавија намери за спојување, конечно успеаја да го финализираат процесот од кој произлезе најголемата хемиска компанија во светот Даудупонт (DowDuPont). Според моменталните цени на акциите, новата компанија има пазарна вредност од 150 милијарди долари, а нејзиното времетраење ќе биде 18 месеци, период во кој ќе треба да ја заврши поделбата на три компании во согласност со обврските преземени претходно пред Европската комисија. Според договорот со Комисијата, компанијата целосно ќе ги раздели деловите за производство на пестициди во земјоделието, развој на хемиски материјали и развој на хемиски компоненти. Досегашниот главен извршен директор на Дупонт, Едвард Брин, (Edward Breen) ќе ја предводи новата компанија, додека предводникот на Дау, Андру Ливерис, (Andrew N. Liveris) ќе претседава со Собранието на акционери. Новата компанија се предвидува да остварува додадена вредност од четири милијарди долари и тоа три милијарди поради кратење на трошоци и една милијарда во зголемени приходи. 

ПРЕПОРАЧАНО