Финансии / Банкарство

ЕС ЕНД ПИ ГЛОБАЛ РЕЈТИНГС (S&P GLOBAL RATINGS) ЈА ПОТВРДИ ОЦЕНКАТА A ЗА КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ

блиц свет

Ес енд Пи глобал рејтингс (S&P Global Ratings) ја потврди оценката A за долгорочен кредитен рејтинг и рејтинг за финансиска стабилност за Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво Заваровалница Триглав ад и нејзината ќерка фирма Позаваровалница Триглав РЕ ад. Дополнително агенцијата им додели на оценките за двата кредитни рејтинзи стабилна среднорочна прогноза. Во својот извештај агенцијата за рејтинг го оцени профилот за ризик на Групацијата Триглав како силен, земајќи ја предвид подобрената ситуација на најголемиот пазар на Групацијата, т. е. Словенија, како и силната конкурентска позиција на пазарот во Словенија и во целиот регион. Профилот за финансиски ризик на Групацијата беше оценет како многу јак. Според Ес енд Пи глобал рејтингс, Групацијата Триглав има добра диверзификација на инвестициското портфолио кое е поддржано од силна капитална адекватност. Дополнително рејтинг агенцијата во својот извештај изјавува дека Групацијата Триглав има адекватно реосигурително покритие. 

ПРЕПОРАЧАНО