Финансии / Банкарство

ЌЕ СЕ ОБНОВУВА ПАТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД НИЗ ЈАСЕН


Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за реконструкција на патот Скопје - Македонски Брод, кој проаѓа низ Резерватот Јасен, со фирмата Ескаватори-МК. Со договорот вреден 101 милион денари треба да се обнови делницата од мостот кај селото Близанско до месноста Калуѓерец, во должина од 14,5 километри. Овој пат и сега функционира, но е во многу лоша состојба, а во одредени делови воопшто нема асфалт. Проектот предвидува да се изведат две сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри, а на секои 500 метри да има дополнителни асфалтни џебови со што ќе се овозможи движење на тешките товарни возила. Патот Скопје – Македонски Брод преку Резерватот Јасен е пократок од сегашниот пат до Македонски Брод преку Тетово и Кичево за околу 100 километри. Овој пат е важен и за развој на туризмот во Резерватот Јасен, како и во пределот околу Вештачкото езеро Козјак. Обновата на патот, според проектот, треба да заврши за три години. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано