Финансии / Банкарство

ЕБОР СЕ ОТКАЖА ОД БОШКОВ МОСТ


Најголемиот финансиер на проектот, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ја откажа финансиската поддршка на Хидроелектраната Бошков мост, која беше планирано да се гради во Националниот парк Маврово. Договорот за заем меѓу ЕБОР и ЕЛЕМ, вреден 65 милиони евра, беше потпишан при крајот на 2011 година. Тогаш беше најавено дека браната и централата ќе бидат пуштени во употреба при крајот на 2016 година. Проектот беше под силна критика на организациите за заштита на животната средина, што во 2015 година резултираше со препорака на Постојаниот комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа за стопирање на сите активности во Националниот парк Маврово, особено на проектите ХЕ Бошков мост, како и ХЕ Луково Поле. ХЕ Бошков мост требаше да биде типична деривациона хидроелектрана, која со вода требаше да се снабдува од Мала Река и нејзините притоки. Инсталираната моќност на централата требаше да изнесува 68,2 MW со што беше предвидено да се остварува годишно производство од 117,5 GWh.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано