Финансии / Банкарство

Марјан Петрески: 2017 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКО ВРЕМЕ КОГА ЌЕ МОРА ДА ОТВОРИМЕ НЕКОИ КЛУЧНИ ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА


Моето очекување за 2017 не е многу оптимистичко, имајќи предвид дека очекувам изборите да дадат некаква насока за разрешувањето на политичката криза, но не и да ја разрешат. Оттука, економијата можеби во одредена мера ќе се ослободи од стегите на политичката ситуација, меѓутоа тоа нема да биде доволно за да искусиме робустен раст, воден од приватниот сектор. Сепак, сметам дека 2017 ќе биде вистинско време кога ќе мора да отвориме некои клучни економски прашања, како што се ревизијата на постојниот модел на економски раст, потребата од стабилизација и приоритизација на јавниот долг, како и поставеноста на редица секторски политики (како политиката на субвенционирање на земјоделието, или образовните политики), кои се многу важна детерминанта на долгорочниот раст на економијата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано