Финансии / Банкарство
Гурудут Банавар (ИБМ, САД): ОЧЕКУВАМ ДЕКА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА / КОГНИТИВНОТО ПРЕСМЕТУВАЊЕ ЌЕ СТАНЕ ПЛАТФОРМА СО ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТА ПРИМЕНА ВО МНОГУ, АКО НЕ И ВО СИТЕ, ИНДУСТРИИ
Очекувам дека вештачката интелигенција / когнитивното пресметување ќе стане платформа со широко распространета примена во многу, ако не и во сите, индустрии. Бројни персонални и професионални апликации ќе вклучат можности засновани на вештачка интелигенција, за одговарање прашања, автоматизација и носење одлуки. Потрошувачите ќе користат „ботови“ на дневна основа. Професионалците во сите индустрии, како на пример радиолози, советници за заеми, комерцијалисти, адвокати и многу други ќе започнат да користат когнитивни системи за нивните дневни работни задачи. Благодарение на овие когнитивни системи ќе се зголемат квалитетот на живот и квалитетот на работа.