Финансии / Банкарство

Драгољуб Арсовски: ОЧЕКУВАМ ДВИГАТЕЛ НА ЕКОНОМСКИOТ РАСТ НАМЕСТО ДРЖАВАТА ДА СТАНЕ КОРПОРАТИВНИОТ СЕКТОР, ПРЕД СÈ, ДОМАШНИТЕ МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ

 

Очекувам македонската економија да почне да генерира раст кој ќе биде последица на промена на местата на двигателите на тој раст наместо досегашниот двигател ‒ државата, тоа да стане корпоративниот сектор, пред сѐ, домашните микро, мали и средни компании. Очекувам затегнување и рационалност кај фискалната политика за сметка на релаксирањето на монетарната политика со цел позитивните ефекти од таквата промена да ги почувствуваат секторите на населението и стопанството.

Очекувам повисока стапка на пораст на БДП, која ќе биде поголема од просечната каматна стапка на вкупниот јавен долг со цел да започне процесот на раздолжување на државата, кое пак ќе создаде резерви за поддршка на македонскиот економски модел на социјално - пазарната економија по примерот на високоразвиените економии во светот. Компилацијата на овие очекувања, со истовремената стабилизација на политичките состојби, особено по првата половина од 2017 година, односно по одржувањето и на локалните избори, ќе влијае на целосната доверба во нашиот банкарски систем и на постепеното враќање на довербата и кај странските инвеститори, кои во минатиов период се воздржаа од инвестирање во Македонија, со што се создаваат дополнителни извори за побрз развој на БДП. Во вакви очекувани околности ТТК Банка веќе ја дефинира својата појдовна стратешка определба каде што во основата се принципите на стабилност и на профитабилност во работењето. Преку умерен кредитен раст и правилна и предвидлива проценка на сите видови банкарски ризици, наш императив ќе биде одржувањето на конкурентната понуда на производи за нашите комитенти, а голем дел од активностите ќе бидат насочени кон изнаоѓање ефикасни решенија за нефункционалните кредити, продажба на преземениот имот и редовно преоценување на ризиците. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано