Финансии / Банкарство

Владимир Ефтимоски: ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР НЕМА ОПАСНОСТ ОД ЗАГРОЗУВАЊЕ НА СТАБИЛНОСТА И НА ЛИКВИДНОСТА


Многу предизвици и пресврти очекувам да се случат во 2017 година, пред сѐ, на глобално економско ниво, кои во голема мера ќе бидат и последица на политички случувања од кои дел ќе имаат подраматични размери. Македонија, секако, ќе трпи последици од овие настани, а тие ќе се рефлектираат врз економските остварувања на земјава, но и врз бизнисот. Како последица на овие случувања ќе се појави поголема неизвесност, но за некои бизниси ќе бидат и голема можност. Дали македонските компании ќе ја искористат оваа можност зависи од тоа колку се подготвени да ја напуштат летаргијата од која се зафатени подолг период, а која е причинета од политичките и од економските состојби во земјава. Искрено не очекувам во иднава година да се случи драстично подобрување на работењето на бизнисот во земјава. Што се однесува до банкарскиот сектор, нема опасност од загрозување на стабилноста и на ликвидноста.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано