Финансии / Банкарство
ПРИХОДИТЕ ОД ДРОГА ВО АЛБАНИЈА ДОСТИГНУВААТ 2,6 % ОД БДП
блиц свет
Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Албанија се проценува дека приходите од нелегалната трговија и производство на дрога во земјата достигнуваат ниво од 2,6 % од албанскиот бруто домашен производ (БДП). Според извештајот на ЕК, парите заработени од шверцот со наркотици претставуваат значаен дел во албанската економија и во споредба со развиените земји тоа ниво е поголемо дури и до 300 пати. Во економиите на западните земји како Германија, Франција или Велика Британија, приходите од шверцот на дрога достигнуваат ниво 0,7 % до 0,19 % од националните БДП. Според извештајот, учеството од 2,6 % од БДП ги позиционираат приходите од шверцот на дрога во Албанија на исто ниво колку и заработката на целиот сектор на образованието или на угостителството. Изминативе години властите во Албанија вложија огромни напори во борбата против нелегалното производство и трговија со дрога што на некои места, како селото Лазарат, прераснаа во вистински воени судири меѓу безбедносните сили и нарко картелите.