Финансии / Банкарство

ЕП БАРА АВТОМАТИЗАМ ВО РАЗМЕНАТА НА ИНФОРМАЦИИ ПРОТИВ ДАНОЧНОТО ЗАТАЈУВАЊЕ

 

 

По повеќето откриени афери и скандали за даночно затајување, вклучувајќи ги и последните од Панама пајперс, Европскиот парламент го поддржа предлогот на Комисијата и даде зелено светло, со 590 гласови „за“, 32 гласа „против“ и 64 „воздржани“, за даночните власти во ЕУ автоматски да споделуваат информации за носителите на банкарските сметки. Новите одредби ќе ги принудат националните даночни власти, одговорни за борбата и за контролата на перењето на парите, автоматски, заедно со партнерите во другите земји-членки, да делат информации како што се банкарски салда, приходи на интерес и дивиденди и други финансиски информации. Врските меѓу перењето пари и финансирањето на тероризмот, организираниот криминал и даночното затајување покажуваат дека е потребна соработка и потесна координација меѓу земјите на ЕУ, се наведува во усвоената резолуција. Гласањето на резолуцијата во Парламентот овозможува новата регулативата да стапи на сила веднаш, а имплементацијата во законодавството на земјите-членки мора да биде завршена до крајот на 2017 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано