Финансии / Банкарство

ОТКРИЕНИ НАЈГОЛЕМИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА ВО САД

 

 

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека негови тимови откриле едни од најголемите резерви на нафта во Тексас. Во соопштението е наведено дека на подрачјето на басенот Мидленд, од таканаречената ареа Волфкамп шеил, на западот на Тексас, има околу 20 милијарди барели нафта, преку 450 илјади милијарди кубни метри гас, како и 1,6 милијарди барели течен гас за експлоатација. Овој институт наведува дека овие резерви на енергенси се трипати поголеми од тие што во 2013 година беа откриени во Дакота и во Монтана со што овие резерви се смета дека претставуваат најголеми резерви на целата територија на САД. „Фактот што се работи за најголемиот резервоар на нафта досега откриен покажува дека и на подрачјата каде што досега сме извадиле милијарди барели нафта постојат потенцијали за пронаоѓање нови милијарди барели“ – истакна Влатер Гвидроз, програмскиот координатор при УСГС на програмата за енергетски ресурси. Тој додаде дека новите технологии кои се сега достапни овозможуваат откривање и експлоатација на досега скриените потенцијали за енергенси. 

ПРЕПОРАЧАНО