Финансии / Банкарство
КОЛЕКЦИЈА БЛУПРИНТ
Колекцијата Блупринт е плод на соработка на креативното дуо Искра Јанковска Михајловска и Лидија Георгиева. Сензибилен спој на моден дизајн и архитектура, во интимен универзум на дизајн за дом, сместени се отпечатоци на перници, завеси, зидни декорации и намештај. Брендот ИСКРА И ЛИДИЈА е производ на нивното долгогодишно искуство во дизајнот и визуелната уметност. Со богата биографија помеѓу Париз и Скопје, резултатот е зрел естетски израз, креативен разговор меѓу архитект и моден дизајнер. Приказната е раскажана во софистициран стил, со избор на луксузни материјали и рачна изработка. Инаку, Лидија Георгиева е редовен пишувач за „Економија и бизнис“.

