Финансии / Банкарство
РЕЦЕСИЈАТА ВО РУСИЈА СЕ НАМАЛИ НА 0,6 % ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ
Блиц свет
Бруто домашниот производ на Русија во вториот квартал забележа пад од само 0,6 %, што претставува двојно намалување од падот во првиот квартал кој изнесуваше 1,2 %. Според министерот за економски развој Алексеј Улјокаев состојбата на руската економија во ралниот сектор бележи подобрување, па во блиска иднина се очекува Русија целосно да излезе од рецесијата и да почне да остварува раст. Според проценките на Министерството за економски развој растот во третиот квартал се очекува да биде нула, додека за последниот квартал се предвидува раст од 1,2 %, што на годишно ниво ќе резултира со просечен пад од само 0,2 %. Руската економија е целосно зависна од извозот на нафта и на енергенси, па падот на цената на нафтата од 114 американски долари во јули 2014 година на само 27 американски долари во јануари оваа година, заедно со санкциите наметнати од страна на ЕУ и на САД поради анексијата на Крим, доведоа до остра рецесија во земјата и силен пад на рубљата.