Финансии / Банкарство
ЗА НОВАТА ЗАЕДНИЧКА ПЛАТФОРМА ЗА ТРГУВАЊЕ - Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска Берза
од интерјуто за Економија и бизнис, март 2016
Наш приоритет е институционално вмрежување, сопственичко или функционално, со други берзи. Македонската берза беше голем поборник на овој концепт и може да се каже дека имавме многу значајна улога во актуелниот проект за регионално поврзување на берзите. Овој проект, наречен СЕЕ ЛИНК (SouthEastEurope Link), како што е познато, доби силна поддршка од ЕБРД. Почетокот на функционирање на СЕЕ ЛИНК платформата се предвидува за крајот на март оваа година. Веќе е извесно дека до крајот на 2016 година на платформата, покрај берзите од Скопје, од Софија и од Загреб, ќе ѝ се приклучат и Белградската и Љубљанската берза. Би сакал да истакнам дека ова, по повеќе претходни нереализирани обиди, навистина претставува големо постигнување.