Финансии / Банкарство
ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ГО ЗГОЛЕМИ СВОЕТО СОПСТВЕНИЧКО УЧЕСТВО ВО ДРУШТВАТА МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ И ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ
Шпаркасе
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје го зголеми своето сопственичко учество во друштвата Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, преку купување на дополнителен пакет обични акции со право на глас. Со донесеното Решение од страна на Комисијата за хартии од вредност и со реализација на трансакцијата за стекнување на акциите, Банката го зголеми своето портфолио на акции во Македонска Берза АД Скопје од 6,02% на 15,97%, додека преку купување на дополнителен пакет на акции го зголеми и своето учество во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје од 5,95% на 19,98%. Долгорочно вложувајќи, Банката очекува позитивен развој на пазарот на капитал во Република Македонија, како и позитивни финансиски резултати на наведените друштва. Со ваквиот инвестициски чекор Шпаркасе Банка Македонија ја покажува својата доверба во институциите кои го водат пазарот на капитал и воедно придонесува за негов понатамошен развој, како и развој на целокупното економско окружување во државата.