Машинскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” организира Отворен ден на 25.04.2026 година (сабота) со почеток во 10 часот.
На овој начин Факултетот ги отвора своите врати за сите идни студенти, соработници и љубители на инженерството да ги запознаат студиските програми и можности за студирање, да разговараат со професорите и студентите, да дознаат како се студира на МФ и да ги разгледаат современите лабораториите на МФ.
Исто така, ќе се отвори и Натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 со обраќање на:
• г-ѓа Сања Божиновска, Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
• проф. д-р Златко Петрески, Декан на Машински факултет – Скопје





