Нордиските земји често се наведуваат како пример за социјална праведност и мала нееднаквост. Вообичаеното објаснување е едноставно: високи даноци и силна држава која прераспределува доход. Но, нови истражувања покажуваат дека вистинската причина е сосема поинаква.
Клучот не е во даночниот систем, туку во начинот на кој се формираат платите. Во овие земји, разликите меѓу платите се многу помали уште на самиот пазар на труд. Централизираното колективно договарање и силната координација меѓу индустриите создаваат порамномерна распределба на заработувачките.
За разлика од тоа, во САД и Британија нееднаквоста произлегува токму од пазарот – од големите разлики во платите и работните часови. Даночните политики само делумно ја ублажуваат таа разлика.
Парадоксално, и покрај помалите разлики во платите, нордиските економии остануваат високо продуктивни. Тоа го прави нивниот модел една од најголемите „загатки“ за економската наука.
Целата анализа на професорот Горан Петревски прочитајте ја на ЛИНКОТ







