ЕУ ИМА ПЛАН ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ (НУКЛЕАРЕН) СУВЕРЕНИТЕТ, инвестиција од најмалку 241 милијарда евра до 2050 година

Европската нуклеарна асоцијација „NuclearEurope“ презентираше акционен план кој предвидува инвестиција од најмалку 241 милијарда евра до 2050 година во нуклеарна енергија, со цел зајакнување на енергетскиот суверенитет на Европската Унија и забрзување на декарбонизацијата на економијата, објавува денес Nuclear Perspective.

Според планот, инсталираната нуклеарна енергија во ЕУ треба да порасне од сегашните 98 гигавати на 109 гигавати до 2050 година, додека оптимистичкото сценарио предвидува дури 150 гигавати.

Ова би овозможило стабилно снабдување со електрична енергија за повеќе од 250 милиони домаќинства и значително намалување на зависноста од увоз на енергија, која изнесуваше 58,4 проценти во 2023 година.

Претседателот на NuclearEurope, Ксавиер Урса, истакна дека нуклеарната енергија е „домашна технологија што ќе обезбеди енергетски суверенитет“ и дека претставува идеален партнер во декарбонизацијата на економијата.

Планот содржи пет клучни чекори: усвојување на технолошки неутрална енергетска политика, обезбедување еднакво финансирање, забрзување на добивањето дозволи, зајакнување на европскиот синџир за снабдување со гориво и поддршка на домашната нуклеарна индустрија.

Предлогот доаѓа во контекст на растечките потреби за енергија поради развојот на вештачката интелигенција и центрите за податоци, како и геополитичките предизвици што ја покажаа ранливоста на Европа кон увозот на фосилни горива.

Планот на NuclearEurope ги повикува европските институции итно да ги отстранат бирократските и финансиските пречки со цел да се реализираат потребните инвестиции за продолжување на животниот век на постојните реактори и изградба на нови, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано