ЗЛАТОТО ПОВТОРНО ДОБИВА НА ЦЕНА

Цената на златото вчера се искачи над 4.300 долари (околу 3.660 евра) за унца, по завчерашниот пад, првенствено затоа што забавувањето на цените на нафтата ги намали инфлаторните притисоци.

Пазарните движења следеа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати околу половина од капацитетот на својот гасовод Исток-Запад во наредните денови и дека неговата целосна функционалност би можела да се воспостави во рок од шест недели.

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека околу 18 милиони барели сурова нафта и нафтени деривати поминале низ Ормуската Теснина претходно оваа недела.

Сепак, златото е сè уште под негативен притисок откако Федералните резерви на САД (ФЕД) ги зголемија каматните стапки и сигнализираа уште едно зголемување до крајот на годината, пренесува Дневник.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано