Зависноста од увоз на пченица и нестабилните глобални економски услови претставуваат сериозен предизвик за прехранбената индустрија, оценуваат од Жито Лукс.
Компанијата посочува дека ценовната волатилност на суровините, растот на енергенсите и нарушувањата во синџирите на снабдување се клучни ризици кои директно влијаат врз производството и цените.
„Глобалните случувања јасно покажаа колку синџирите на снабдување се ранливи и колку брзо се прелеваат ценовните шокови во индустријата“, истакнува Димитриос Плакоутсис во интервју за Економија и бизнис.
Од Жито Лукс велат дека одговорот на овие предизвици е диверзификација на снабдувањето, стратешко планирање и рационализација на производството, со цел обезбедување стабилност и континуитет.
Повеќе детали од интервјуто со Димитриос Плакоутсис, Заменик-претседател на Управниот одбор и
заменик-генерален директор на Жито Лукс АД Скопје прочитајте ТУКА








