Август го израмни рекордот поставен до јули 2023 година и стана еден од двата најжешки месеци досега, потврди агенцијата за климатски промени на Европската Унија. Рекордот е поставен со комбинација од климатските промени и засилувањето на феноменот Ел Нињо, кој ослободува топлина од Пацификот во атмосферата.
Температурите во август беа за 1,65°C над прединдустрискиот просек. Ова го прекрши клучниот праг од 1,5°C поставен од земјите за да ги избегнат најлошите ефекти од климатските промени.
Август, исто така, го означи крајот на најжешкото лето досега во Западна Европа, со температури што ги надминаа оние од топлотниот бран во 2003 година. Д-р Саманта Бургес, менаџер за климатска стратегија во агенцијата Коперникус, го опиша август како „исклучителен месец во глобалниот климатски рекорд“.
Фото Економија и бизнис








