Замрзнување на цените на полиците на супермаркетите за двата летни месеци, заедно со план за значително намалување на цените почнувајќи од почетокот на септември, објави грчкиот министер за развој,Такис Теодорикакос по проширениот состанок со претставници на индустријата, предводен од премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.
Теодорикакис истакна дека нормализацијата на ситуацијата на Блискиот Исток ги ублажува меѓународните инфлаторни притисоци и изјави дека претставниците на бизнисот се обврзале на целосна стабилизација на цените без нови зголемувања во текот на летото. Тој, исто така, го претстави она што го опиша како„национален социјалендоговор“ што ќе се лансира на есен во поддршка на просечното грчко домаќинство, потсетувајќи ја јавноста дека мерката за итно ограничување на профитот истекува на 30 јуни.
Мерката за замрзнување на цените важи за 2.000-те кодови на производи кои забележаа намалување на цените од шест проценти во текот на изминатите неколку месеци како резултат на строгото спроведување на мерката за ограничување на профитот што ја воведовме како итен чекор. Деловната заедница се обврза да ги одржи тие намалувања во текот на летните месеци за тие 2.000 кодови.
Мерката за ограничување на профитот истекува на 30 јуни, пренсуваат медиумите.
Фото Економија и бизнис








