Вработливоста и квалитетот во образованието во фокус на средбата меѓу Стопанската комора и ЕНКА

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика. На средбата се дискутираше за процесот на осигурување квалитет во високото образование, кој претставува една од основите за градење квалитетно образование и мора да се почитуваат стандардите и процедурите кои се усвоени.

„Осигурувањето квалитет во високото образование е сложен процес, бидејќи опфаќа повеќе сегменти, но еден од најважните покрај учењето и наставата и фокусот на студентот во образовниот процес е и улогата на бизнис заедницата“, истакна проф. д-р Кристина Гицулика, на средбата.

Едниот фокус, како што рече, во овој дел се студиските програми кои мора да бидат разгледани од бизнис заедницата за да се утврди дека ќе бидат постигнати резултатите од учењето преку имплементацијата на истите.

Другиот фокус е вработливоста, што значи дека се вклучени барањата на бизнис заедницата и таа има доверба во стекната квалификација.

Повеќе од истиот автор

Најчитано