Само шест од 10 германски меѓуградски возови сообраќале на време во просек во првата половина од годината.
Директорката на националниот железнички оператор „Дојче Бан“, Евелин Пала, изјавила дека 58,7 проценти од меѓуградските возови пристигнале на време во овој период, пишува весникот „Велт“.
„Тоа не е добра бројка. Нема смисла да се обидуваме да ја прикриваме“, рече Палова.
Сепак, таа забележа дека во три четвртини од случаите доцнењето било помалку од 15 минути.
Германскиот национален железнички оператор долго време е критикуван за зголемување на доцнењата на возовите.
Компанијата започна со реконструкција на клучни линии како дел од масивен проект за реновирање насочен кон подобрување на услугата.
Според методологијата на „Дојче Бан“, за доцнење на меѓуградскиот воз во Германија се смета ако возот доцни најмалку шест минути од редовниот возен ред.
Фото Економија и бизнис








