ВОЗИЛА СО 40.000 ПАТНИЦИ ВО ТРАНЗИТ КОН АЛБАНИЈА И КОСОВО НАПРАВИЈА КОЛОНА ДОЛГА 20 КИЛОМЕТРИ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ ХРВАТСКА И ЦРНА ГОРА

На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови има целосен сообраќаен колапс. Според информациите од теренот, формирана е колона возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилип и Жупа Дубровник.

Како што пишува „Слободна Далмација“, југот на Хрватска доживеа целосен сообраќаен колапс овој викенд. Бесконечни редици автомобили се протегаат со километри по Јадранската магистрала, а утрово на граничниот премин Карасовиќи од Хрватска кон Црна Гора, чекањето било подолго од 10 часа.

Општината Конавле, во моментов е оптоварена со пристигнување на околу 10.000 возила, односно речиси 40.000 луѓе кои се во транзит и чекаат да ја преминат границата. Станува збор претежно за возила со француски, италијански и германски регистарски таблички, чии крајни дестинации обично се Албанија и Косово.

Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија (која не е членка на ЕУ, но учествува во Шенген) побараа привремено „замрзнување“ на постапката на системот EES, за време на која на државјаните на трети земји им се земаат отпечатоци од прсти и се фотографираат при влегување и излегување од Шенген зоната. Хрватска не побара привремена или локална суспензија на биометриската регистрација, но Европската комисија го отфрли барањето на другите земји, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано