ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК НА УГД-ШТИП ЗА ЕДЕН ДЕН СЕ ПРИЈАВИЛЕ 300 НОВИ КАНДИДАТИ

Научниците откриваат: Светот некогаш зборувал десетици илјади јазици

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во тек е третиот уписен рок за студенти во прва година за академската 2026-2027 година. Во првиот и вториот уписен рок се пријавиле 1.500 студенти, а само денеска во рамките на третиот уписен рок се пријавени 300 нови кандидати. Од УГД-Штип соопштија дека уписот ќе трае и утре.  

-Од првиот и вториот уписен рок имаме пријавени над 1.500 студенти. Од третиот уписен рок, кој се уште трае, досега имаме пријавени над 300 студенти. Уписот ќе трае и утре, а вкупниот број е поголем од лани- соопштија од УГД – Штип.

Во претходните два уписни рока пополнети се сите предвидени места на Факултетот за медицински науки, односно на студиските програми по општа медицина, дентална медицина и фармација, како и на Факултетот за образовни науки на студуиската програма за одделенски наставник.

Од УГД очекуваат до завршувањето на третиот уписен рок бројот на пријавени студенти дополнително да се зголеми. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано