ВО СЕПТЕМВРИ НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ, во Скопскиот Регион се предвидени градба на 684 стана, а најмалку во Северозападниот со само 3 стана

Бројот на одобренијата за градење во септември 2026 година е намален за 19,4 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во септември 2026 година се издадени 253 одобренија за градење, што е за 19,4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             4 527 792 илјади денари, што е за 36,4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 166 (65,6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (10,3 %) за објекти од нискоградба и 61  (24,1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 253 објекти, на 163 (64,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (35,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од   67 878 м2.

Во Скопскиот Регион предвидени се за градба 684 станови, Југозападен Регион 132, во Полошкиот 58, Пелагонискиот 5, Источниот Регион 4 и во Северозападниот Регион само 3 стана.

Главни поенти

Во септември 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 166, се издадени за високоградба 
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 73
  • За изградба се предвидени 919 станови

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано