Во кој случај може да се поврати ДДВ од купување патничко возило?

Едно прашање и еден одговор: Право на одбивка на влезно ДДВ од купено патничко моторно возило

——————————————————-

Прашање:

Во кој случај може да се поврати ДДВ од купување патничко возило?

Одговор:

Мислење на УЈП од од 28.12.2023 година

Согласно член 35 точка 2 од Законот за данокот на додадена вредност (“Сл. Весник на РМ” бр. 44/99…198/18 и “Сл. Весник на РСМ” бр: 98/19……57/22 и 199/23, во натамошниот текст ЗДДВ), нема право на одбивка на претходниот данок за набавки, производство и увоз на велосипеди, моторни возила со помалку од четири тркала (категорија Л), возила за превоз на патници, кои, покрај седиштето на возачот, имаат најмногу до осум седишта и чија најголема маса не надминува 3500 кг (категорија М1), исклучувајќи ги возилата за комбиниран превоз, летала, пловни објекти, како и резервни делови, гориво и потрошен материјал за нив, нивно изнајмување, одржување и поправка и за други услуги поврзани со нивно користење.

Исклучувањето на правото на одбивка на предходни даноци не важи во случаи на исклучиво користење на превозните средства за следниве дејности:

• промет со наведените превозни средства и други средства,

• изнајмување на наведените превозни средства,

• превоз со наведените превозни средства,

• обука на возачи со нив,

• одржување поправки на наведените превозни средства и други добра,

Исклучувањето на правото на одбивка не важи доколку превозното средство се користи исклучиво за превоз и тоа превоз на лица (на пример со такси возило, минибус, летала или пловни возила) или добра.

Превозната услуга мора да претставува основен промет. Овој исклучок не се применува доколку превозот претставува спореден промет.

Согласно напред наведеното, доколку се работи за купување на патничко возило од категоријата М1, ќе имате право на одбивка само доколку вршите некоја од дејностите наведени во членот 35 точка 2 алинеја од а) до г) од ЗДДВ.

извор: Про Aгенс Агенција – Pro Agens

Повеќе од истиот автор

Најчитано