Четири лица заразени со вирусот западен нил починаа во Грција, а во земјата се потврдени вкупно 42 случаи заклучно со вчера, од кои половина се регистрирани во изминатата седмица, во согласност со податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) – јави дописничката на МИА од Атина.
Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 37 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а кај пет случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.
– Заклучно со 29 јули 2026 година, регистрирани се четири смртни случаи кај пациенти заразени со вирусот западен нил, кои имале зафатеност на централниот нервен систем. Сите починати биле постари од 65 години, со просечна возраст од 75 години (меѓу 66 до 91 година) – соопштија од ЕОДИ.
Од заразените, 13 се хоспитализирани, а 25 биле отпуштени од болница.
Повеќето од случаите (вкупно 35) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а другите во регионот Тесалија и во централна Грција.
Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистрирани на почетокот на јули.
Лани, во Грција беа регистрирани 96 случаи, а од западен нил починаа девет лица.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








