ВО ЦЕНТАР И ЧАИР ПРВИ СЛУЧАИ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, лоцирана е прва мртва птица со западнонилска треска

Вкупно 43 случаи на западнониска треска се регистрирани досега во земјава.  Од нив, 40 се дефинитивно потврдени, а три од случаите се потврдени со еден тест. Има и први случаи се евидентирани во скопските општини Центар и Чаир, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

„Од последната прес-конференција досега регистрирани се два нови случаи во Центар, еден во Чаир и еден во Аеродром, на границата кон руралниот дел. Клиничката слика е стандардна, нема промени во тој дел“, вели Клековски.

Во рамки на контролата на птиците, информира министерот, лоцирана е прва мртва птица со западнонилска треска. Станува збор за гавран кој бил пронајден во Скопје.

-Мртвите птици се собираат од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по што се прави натамошното лоцирање на ризикот од западнонисла треска, додаде Клековски.

Пред денешната прес-конференција, Клековски рече дека имал состанок со градоначалниците од Скопје и Скопскиот Регион, за лоцирање на високоризичните зони за западнонилска треска.

-Во некои општини, на пример во Сопиште нема високоризични подрачја, а има случаи. Во Чучер Сандево нема високоризични подрачја, но има на границата со Бутел и се обидовме да ги лоцираме. Во моментов работиме со 34 ризични подрачја од кои 13 се високоризични. Тоа е видливо и на сателитски снимки, изјави министерот.

Постојат два критериуми за ризичност на одредена локација и тоа – застојаност на водата и високо ниво на органска материја. Примерите на високоризични локации се каналите за наводнување во Скопско Поле или мртви делови од реките.

Серава е дел од проблемот во Арачиново и Бутел, каналите Јурумлери, Стајковци и Сингелиќ во Гази Баба, главниот канал во Илинден на Скопско Поле, каналите во Драчево, каналите Батинци, Студеничани. Она што го лоциравме се уште неколку видови на локации со висок ризик што претходно не биле земени предвид, а тоа се септичките јами.Улиците и населените места со голем број на септички јами влегуваат во висок ризик. Потоа гробишта – заради застојаната вода во вазите и присуството на органиски материи во нив и третата група се отпади за стари гуми и генерално старите гуми.

Клековски уверува дека прскањето против комарците се вршат со средства кои се препорачани од Светската здравствена организација (СЗО) и не се опасни по здравјето на луѓето.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано