Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.
- Со оваа одлука трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 %, а трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 % – изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.
Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година.
Фото Економија и бизнис







