Утре го славиме Денот на Европа 2026 во Градски парк во Скопје

Зграда на ЕУ во Македонија

Утре, 09 мај 2026 година, Градскиот парк во Скопје ќе биде домаќин на централниот настан за оваа година одржан по повод Денот на Европа, кој ќе биде отворен за сите граѓани. Од 11:00 до 18:00 часот, просторот околу летната сцена „Школка” ќе биде организиран во неколку тематски области, нудејќи забава за посетителите од сите возрасти.

На Денот на Европа во Скопје ќе има по нешто за секого: од игри и забава организирани од земјите-членки на ЕУ, од делот за храна (Slow Food and Food Corner) и штандови со рециклирани предмети (Combo Creative Studio) до можноста за учење за растенијата и урбаното зеленило (Cvetko) или локални еколошки бизниси (Yes for Less).

Денот на Европа ќе биде збогатен со музичка програма со настапи во живо на танцовата компанија „Еурека”, Дина Јашари, Звада, „Конкеринг Лион”, „Дапунк и Дабл Г” , Емили Нас и Мартина Пенева.

Денот на Европа ќе заврши на зајдисонце, кога зградата на Владата на Северна Македонија ќе биде осветлена во сино.

Програмата за Денот на Европа за 2026 година, под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно„ се организира од Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп Хаус и амбасадите на земјите-членки на ЕУ. Министерството за европски прашања и локалните власти се партнери на настаните низ целата земја во текот на месец мај. Целосната програма е достапна на https://link.europa.eu/Nhb7kG и на социјалните медиуми на Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано