Усвоен Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари.

Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со измените, како што беше образложено, се менуваат одредени термини од постојниот закон согласно новите законски решенија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано