Учениците од 4. до 9. одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна година времено ќе ја започнат со онлајн настава

Учениците од 4. до 9. одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна година времено ќе ја започнат со онлајн настава

Учениците од 4. до 9. одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна година времено ќе ја започнат со онлајн настава.

Од општина Центар велат дека причината се градежните активности што Министерството за образование и наука ги реализира во дел од училиштето, а кои сè уште не се завршени. МОН даде согласност наставата да се одвива од далечина до создавање услови за безбедно враќање на учениците во училишните клупи.

– Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања. Општина Центар побара од Министерството информација за точниот рок и динамиката за завршување на работите и очекува тие да завршат во најкус можен рок, за учениците што побрзо да се вратат на редовна настава, велат од општината.

Повеќе од истиот автор

Најчитано