Трговски брод под индиско знаме се преврте и потона во близина на јеменските води откако беше погоден од ракета, објави индискиот министер за бродарство, Сарбананда Соновал.
Од индиското министерството додаваат дека „континуираните напади врз трговските бродови во тој регион се длабоко загрижувачки“.
„Нападите врз трговските бродови во тој регион мора да престанат, а слободната и непречена пловидба и трговија на меѓународните водни патишта во регионот, во согласност со меѓународното право, мора да се обноват што е можно поскоро“, соопштија од министерството.
На 20 јули, милитантната група прогласи поморско ембарго против Саудиска Арабија, отворајќи нов фронт против САД и нивните сојузници во војната со Иран и проширувајќи ги нападите врз танкери што превезуваат енергија и друга стока надвор од Персискиот Залив.
Според податоците за поморскиот сообраќај, вчера 20 бродови поминаа низ теснецот Баб ел-Мандеб, вклучувајќи 12 танкери и осум носачи на товар на големо, што е речиси исто како и претходниот ден, пренесува Индекс.хр.
Нафтена дамка од санкциониран танкер кој со недели е заглавен покрај брегот на Оман се прошири брзо и сега покрива околу 150 квадратни километри море и брег, според сателитските снимки анализирани од Гринпис и Асошиејтед Прес.
Само пред една недела, беше проценето дека дамката покривала околу 20 квадратни километри, а досега не е познато што предизвикало толку зголемување на истекувањето на нафта.
Нафта протекува од танкерот, долг 274 метри, кој се насука кај островот Киблија во покраината Дофар.
Бродот е под санкции од Велика Британија, Европската Унија, Канада и Швајцарија за транспорт на нафта од руско потекло.
Најновите сателитски снимки покажуваат дека тенок слој нафта се шири североисточно од бродот.
Според експертот за заштита на животната, нафтената дамка сега е долга околу 90 километри, речиси двојно подолго отколку што беше пред седум дена. Се проценува дека танкерот превезувал повеќе од 800.000 барели сурова нафта.
Турски цивилни бродови нападнати од беспилотни летала во Црното Море
Министерството за надворешни работи на Турција денес објави дека турските цивилни бродови „Јасар“ и „Надежда“ биле нападнати од беспилотни летала (БЛН) во Црното Море и дека неколку членови на екипажот, вклучувајќи турски државјани, биле повредени.
Во соопштението се наведува дека турските цивилни бродови биле цел на беспилотни летала веднаш откако го напуштиле пристаништето Новоросијск синоќа, јавува турскиот државен телевизиски канал ТРТ Хабер, пренесува Евроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








