Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот говор за состојбата на Унијата денес во Европскиот парламент, рече дека е потребно да се погледне подалеку од границите на ЕУ, вклучувајќи го и Западен Балкан, и да се разбере колку е жива европската идеја за припадност кон „заеднички дом“, најавувајќи дека ЕУ наскоро ќе предложи патокази за најнапредните кандидати.
Во своето обраќање на француски јазик, фон дер Лајен посочи дека ЕУ „мора да ги врати срцата на Европејците“ и дека треба да гледа подалеку од своите граници, „кон Украина и Молдавија, кон Западен Балкан“.
„Само треба да се свртиме кон сите оние земји што се блиску до нашата Унија и бидејќи нивната иднина е во рамките на нашата Унија, наскоро ќе предложиме патокази за најнапредните кандидати“, рече фон дер Лајен.
Таа нагласи дека процесот ќе остане базиран на заслуги и повтори дека почитувањето на европските вредности не е предмет на преговори.
Фото Економија и бизнис








