ТОПОЛ ВОЗДУХ ДОАЃА ОД САХАРА КОН ЕВРОПА, пикот на топлите денови ќе достигне во петок

Иберискиот Полуостров беше погоден од екстремен топлотен бран кој би можел да донесе температури до 47 степени Целзиусови во некои делови од Шпанија оваа недела. Поради ова, би можеле да бидат соборени некои историски температурни рекорди, пишува Severe Weather Europe.

Најкритично ќе биде во јужните и источните делови на Шпанија, особено во долините на реките Гвадалкивир и Ебро, како и во регионите Мурсија и Кастиља-Ла Манча. Топлинскиот бран ќе се прошири и на југот на Франција, каде што температурите би можеле да бидат близу 40 степени.

Дневните температури нема да бидат единствениот проблем. Ноќите исто така ќе бидат екстремно топли, а на некои места се очекуваат минимални температури над 25 степени.

Главна причина за екстремната топлина е силната област со висок воздушен притисок што се задржа над југозападна Европа. Таквиот временски систем делува како покривка – го држи топлиот воздух на земјата и го спречува неговото распрснување.

Ситуацијата е дополнително влошена од приливот на многу топол и сув воздух од Сахара. Затоа, температурите во одредени делови од Шпанија би можеле да се приближат до највисоките вредности некогаш измерени во таа земја.

Официјалниот шпански рекорд е 47,6 степени, а е измерен во Ла Рамбла во близина на Кордоба на 14 август 2021 година. Метеоролошките модели покажуваат дека области како Мурсија би можеле сериозно да се приближат до тој рекорд оваа недела.

Според прогнозите, во централна и јужна Шпанија во среда се очекуваат температури помеѓу 42 и 44 степени. Во четврток, топлината би требало дополнително да се зголеми. Во источните и јужните низини, температурите би можеле да достигнат од 44 до 46 степени, а локално 47 степени.

Покраините Мурсија, Аликанте и Валенсија ќе бидат особено погодени.

Исто така, ќе биде многу топло во долината на реката Ебро, каде што се очекуваат температури до 44 степени. Во петок, екстремната топлина ќе продолжи, повторно со температури околу 45 степени во најпогодените подрачја.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано