ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ ВО ЈУНИ ВО ЕУ „ПРОИЗВЕДОА“ ПОВЕЌЕ СТРУЈА ОД НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА

Сончевата енергија беше најголемиот единствен извор на електрична енергија во Европската Унија во јуни, обезбедувајќи рекордни 25 проценти од вкупната електрична енергија, според анализа објавена во вторник од енергетскиот тинк-тенк Ембер.

Уделот на сончевата енергија беше поголем од уделот на нуклеарната енергија, која произведе 21 процент од електричната енергија во ЕУ. По неа следуваат природниот гас со 15 проценти, енергијата на ветерот со 14 проценти, хидроенергијата со 12 проценти и јагленот со осум проценти.

Ова е само трет пат сончевата енергија да биде водечки извор на електрична енергија во ЕУ, по јуни 2025 година и мај 2026 година, објавува агенцијата ДПА.

Новиот рекорд го одразува брзиот развој на производството на сончевата енергија во последните пет години. Во јуни 2021 година, таа сочинуваше само 10 проценти од вкупното производство на електрична енергија во Европа.

Растот на производството на сончева енергија се совпаднал со релативно високата побарувачка за електрична енергија во мај и јуни, делумно поттикната од зголемената потреба за ладење за време на исклучително силни топлотни бранови, пренесува ДПА.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано