Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех. Ова беше една од клучните пораки на Тамара Миловановиќ, генерална директорка на Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) за Југоисточна Европа, на регионалната конференција „Техновејшн ЈИЕ 2026“ (TECHNOVATION SEE 2026), одржана во Белград. Конференцијата, организирана под мотото „Иновации. Одговорност. Влијание“, покрај корпоративната трансформација, ги стави во фокус и намалувањето на здравствените ризици и одговорноста за заштита на малолетниците.
Осврнувајќи се на трансформацијата на ФМИ, Миловановиќ потсети на стратешкиот пресврт во 2016 година, кога компанијата јавно ја соопшти амбицијата еден ден целосно да ги замени цигарите со помалку штетни алтернативи. Во тој момент немало никаква гаранција дека одлуката ќе биде успешна. Како што истакна Миловановиќ, тоа не било само деловна одлука, туку и голем научен предизвик што барал темелна промена во пристапот кон истражувањето и развојот.
– Тоа не беше маркетиншки слоган, иако многумина така го сфатија, туку голем научен предизвик – истакна Миловановиќ, посочувајќи дека денес во истражувачко-развојниот центар на компанијата се ангажирани 1.600 научници.
Говорејќи за опфатот на промените, Миловановиќ го посочи примерот со IQOS, кој во многу сегменти го надмина најпознатиот бренд на цигари во светот и симбол на претходната ера на компанијата. Според неа, трансформацијата на компанијата не се однесува само на развој на нови производи, туку и на создавање алтернативи за полнолетните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат.
Научноистражувачките активности резултираа со бројни сознанија и докази што претходно не беа достапни. Прашањето како тие сознанија да се преточат во конкретни одлуки што можат да придонесат за намалување на здравствениот ризик беше во фокусот на разговорот со д-р Петер Харпер, онколог и експерт за јавно здравје.
Д-р Харпер посочи дека здравствените препораки треба да ги земат предвид реалните можности на луѓето, особено кога станува збор за промена на длабоко вкоренети навики, како што е пушењето. Во тој контекст, тој нагласи дека никој не може да го оспори фактот дека престанокот со пушење е најдобрата одлука за секој пушач, исто како што најдобар избор е никогаш да не се започне со пушење.
– Сепак, мора да бидеме реални. Има луѓе кои не успеваат да се откажат од пушењето дури и откако ќе им биде дијагностициран рак на белите дробови. Затоа треба да зборуваме и за намалување на штетата – рече д-р Харпер.
Тој објасни дека никотинот предизвикува зависност, но дека штетните материи што се создаваат при согорувањето на тутунот се клучниот фактор за ризикот од рак поврзан со пушењето.
– Ако некој не може да престане да пуши, следниот чекор е да разбереме што ја предизвикува штетата и што можеме да направиме за да ја намалиме. Намалувањето на штетата не е нов концепт; го применуваме секој ден – од користење безбедносни појаси до заштита од сонце. Тогаш, зошто да не размислуваме за пушењето на ист начин? – рече д-р Харпер.
Значаен сегмент од конференцијата беше посветен на заедничката одговорност во спречувањето на пристапот на малолетниците до тутунски и никотински производи. Д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ, државна секретарка во Министерството за здравство на Србија, нагласи дека превенцијата не завршува со забрани, туку бара континуирана едукација и вклученост на институциите, компаниите, трговците, семејствата и училиштата. Во тој контекст беше претставена и заедничката кампања на Министерството и Филип Морис за спречување на употребата на тутунски и никотински производи од малолетници, како и конкретните мерки – едукација на повеќе од 15.000 продавачи, доследна проверка на возраста и прекин на соработката со трговци што продаваат вакви производи на малолетници.
Регионалната конференција „Техновејшн ЈИЕ 2026“ ги обедини темите на деловната трансформација, научните иновации и одговорноста кон јавното здравје, испраќајќи порака дека суштинските промени бараат храброст да се преиспитаат постојните пристапи и да се создаваат решенија втемелени во науката и во реалните предизвици на општеството.








