ИНФО
- Град: Филаделфија
- Држава: САД
- Капацитет: околу 69.000 гледачи
- Отворен: 2003
- Домаќин: Philadelphia Eagles
- Интересен факт: познат по една од најстраствените спортски публики во САД
Lincoln Financial Field во Филаделфија е стадион што одамна е симбол на спортската страст во Америка. Домот на NFL тимот Philadelphia Eagles е познат по интензивната атмосфера, гласните трибини и навивачите што важат за едни од најемотивните и најверните во спортот.
Стадионот „Филаделфија“ беше отворен во август 2003 година со одличен пријателски натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, каде што Роналдињо му асистира на Патрик Клајверт за да го постигне првиот гол на арената..
Филаделфија е град со богата спортска историја и култура што буквално живее за големи натпревари. Без разлика дали станува збор за NFL, бејзбол, кошарка или фудбал, навивачите тука секогаш носат огромна енергија. Токму затоа Lincoln Financial Field се очекува да биде една од најгласните сцени на Светското првенство 2026.

Стадионот во Филаделфија ќе биде домаќин на шест натпревари на Светското првенство во фудбал 2026, вклучувајќи еден натпревар од нокаут фазата на Денот на независноста на САД, 04 јули. Овде исто така ќе се играат 5 натпревари од групната фаза и тоа: Брегот на Слоновата Коска-Еквадор, Бразил-Хаити, Франција-Ирак Курасао-Брегот на Слоновата Коска и Хрватска-Гана.
Стадионот веќе има искуство со големи меѓународни спортски настани и концерти, а инфраструктурата и модерните услови го прават идеален домаќин за Мундијалот. Во текот на турнирот, Филаделфија ќе биде еден од градовите каде што фудбалската атмосфера најсилно ќе се почувствува.
Во 2026 година, Lincoln Financial Field нема да биде само уште една арена на Светското првенство. Тој ќе биде место каде што страста на американските навивачи ќе се спои со глобалната фудбалска еуфорија и ќе создаде атмосфера што тешко се заборава.








