ИНФО
- Град: Фоксборо, Масачусец
- Држава: САД
- Капацитет: околу 65.000
- Отворен: 2002
- Домаќини: New England Patriots / New England Revolution
- Интересен факт: дом на една од најуспешните NFL династии
Gillette Stadium во Фоксборо, во близина на Бостон, е еден од најпознатите спортски стадиони во Америка. Иако најмногу се поврзува со NFL тимот New England Patriots и ерата на Том Брејди, во 2026 година ќе стане дел и од најголемиот фудбалски спектакл — Светското првенство.
Отворен во 2002 година, стадионот брзо се претвори во симбол на спортски успех. Тука Patriots освоија дел од своите легендарни титули и создадоа една од најдоминантните династии во историјата на американскиот спорт. Но Gillette Stadium одамна не е само NFL арена.
Стадионот е дом и на New England Revolution, еден од најстарите клубови во MLS лигата, што значи дека фудбалот веќе има силно место во овој спортски комплекс. Низ годините тука се играле интернационални натпревари, турнири и големи концерти.
Бостон е град со огромна спортска традиција и публика што живее за големи настани. Во текот на СП 2026, токму таа спортска култура ќе создаде посебна атмосфера околу натпреварите што ќе се играат на Gillette Stadium.

Овде ќе се играат 7 натпревари, вклучувајќи едно четвртфинале. Во групната фаза на него ќе играат Хаити-Шкотска, Ирак-Норвешка, Шкотска-Мароко, Англија-Гана и Норвешка-Франција.
Иако не е најголемиот или најфутуристичкиот стадион на турнирот, неговата историја, организација и спортска тежина му даваат посебно место меѓу арените на Мундијалот.
Во 2026 година, Gillette Stadium ќе биде уште една сцена каде што американската спортска традиција ќе се спои со глобалната фудбалска еуфорија.








