Шест танкери што пловеа под знамето на Саудиска Арабија отстапија од својот курс, па наместо да поминат низ Црвеното Море, тие поминаа подолга рута околу цела Африка најмалку две недели, објавува CNN, повикувајќи се на страница за следење на пловидбата на трговските бродови.
Превозната рута беше променета бидејќи бунтовничките јеменски Хути најавија блокада на Црвеното Море, што значи дека ќе го таргетираат секој саудиски брод што ќе се обиде да помине низ теснецот Баб ал Мандеб, на јужниот крај на Црвеното Море.
Шест бродови го напуштиле Аденскиот Залив покрај брегот на Оман и се упатиле кон брегот на Источна Африка.
За неколку бродови е напишано дека нивните нови дестинации се пристаништа во Јужна Африка. Еден од бродовите го навел Гибралтар како следно пристаниште, на влезот во Средоземното Море.
Повеќе од 1.000 бродови успеаја да поминат низ Ормуската Теснина со помош на американската војска, соопшти денес Централната команда на САД (CentCom) за Ал Џезира, без да даде други детали.
CentCom, исто така, изјави на социјалните мрежи дека приближно 500 милиони барели сурова нафта се транспортирани преку овој стратешки воден пат.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, деенска изјави дека Техеран во моментов не води никакви преговори со Вашингтон и дека се водат само разговори во врска со Оман и обезбедувањето на поморскиот сообраќај во Ормуската Теснина.
„Во моментов не преговараме со САД. Преговараме со Оман за обезбедување на премин низ Ормускиот теснец“, додаде Багаи, пренесуваат медиумите.
Фото Економија и бизнис








