Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската држава Чијапас, предизвикувајќи предупредување за цунами. Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека земјотресот имал јачина од 7,3 степени.
Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами објави дека се можни „опасни цунами бранови“ на бреговите во радиус од 300 километри од епицентарот на земјотресот. Предупредувањето се однесува на деловите од Тихиот Океан кои се најблиску до локацијата на земјотресот.
Епицентарот е регистриран во близина на Пуерто Мадера, важно пристаниште во Пацификот и рибарски град, приближно 13 километри од границата со Гватемала. USGS првично објави јачина од 7,4 степени, но подоцна ја ревидираше проценката на 7,3. Земјотресот се случил на длабочина од само 10 километри.
Плитките земјотреси обично предизвикуваат поголемо тресење на земјата и можат да предизвикаат поголема штета. Потресите со оваа јачина честопати резултираат со разорни несакани ефекти, како што се лизгања на земјиштето.
Гувернерот на јужната мексиканска држава Оахака, Саломон Хара, објави земјотрес со умерен интензитет кој бил почувствуван во главниот град. Според првите информации, нема пријави за повредени или поголема материјална штета, објавија медиумите.
Фото Економија и бизнис








