Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го поттикнала поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да размисли за кандидатура за генерален секретар на Обединетите нации, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.
Според извештајот, Вашингтон разгледува можност Орбан да биде заеднички кандидат поддржан од САД, Русија и Кина. Сепак, поддршката од Москва и Пекинг не е официјално потврдена, а конечна одлука за кандидатурата сè уште нема.
Американски претставник проценува дека Орбан би можел да добие поддршка од најмалку осум членки на 15-члениот Совет за безбедност на ОН, а потенцијално и од десет. За Советот да препорача кандидат, потребни се најмалку девет гласа „за“, без вето од која било од петте постојани членки – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција.
Извештајот доаѓа во период кога ниту еден од досега разгледуваните кандидати не обезбедил поддршка без ризик од вето од постојана членка на Советот за безбедност.
фото Википедија








