Швајцарија со векови претставува своевиден „монетарен остров“ во однос на своето европско опкружување, а податоците покажуваат дека оваа разлика продолжува и денес, вели К. Вајенас, автор на книгата „Швајцарскиот франк од 1798 до 2055 година“, во интервју за Економија и бизнис.
Според него, историските податоци покажуваат дека Швајцарија, за разлика од соседните монархии и империи, успевала да одржува ниска инфлација, силна валута и релативно умерена задолженост.
„Еврото во просек губело околу два проценти годишно во однос на швајцарскиот франк“, посочува Вајенас, додавајќи дека и денес соседните земји се позадолжени и имаат повисоки стапки на инфлација од Швајцарија.
Тој смета дека една од причините за стабилноста е институционалниот модел на земјата, во кој е ограничена концентрацијата на моќта. Гувернерот на Швајцарската народна банка се именува од Федералниот совет, врз основа на предлог од Советот на Банката, за фиксен шестгодишен мандат.
Важен е и пристапот кон јавниот долг. Во 2001 година Швајцарија го воведе таканареченото „правило на должничка кочница“, кое бара буџетот да биде избалансиран во текот на економскиот циклус. Во практика, ова најчесто резултира со балансирани буџети или мали буџетски суфицити.
„Ниедна поединечна личност не треба да располага со премногу моќ“, вели Вајенас, опишувајќи ја логиката на швајцарскиот институционален модел.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОВ








