НАФТАТА НАД 106 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, А ОД ЗЕМЈИТЕ НА ОПЕК НАДМИНА 114 ДОЛАРИ, ШТО ЌЕ ОДЛУЧИ УТРЕ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот над нивото од 106 долари, балансирајќи помеѓу индикациите за зголемени испораки од Саудиска Арабија и неизвесниот исход од разговорите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран за прекин на војната.

На лондонскиот пазар, во петокот барелот се тргуваше попладне по цена од центи пониска отколку на затворањето на тргувањето во четврток, на 106,38 американски долари. На американскиот пазар, беше поевтин за 60 центи и изнесуваше 94,01 американски долари.

Оваа недела, пазарите внимателно ги следеа изјавите на Вашингтон и Техеран на Генералното собрание на Обединетите нации со цел да ги проценат шансите за договор за решение на конфликтот, објавува Хина.

Иранскиот претседател Машуд Пезешкијан изјави во четврток дека од САД зависи кога ќе заврши војната.

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, напиша на X Network во вторникот дека индиректните разговори меѓу иранските и американските претставници на маргините на Генералното собрание на ОН „успешно завршија“.

Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) покажаа дека во четврток барел нафта од кошничката на нејзините членки поскапе за 6,84 долари и изнесуваше 114,53 долари, пренесе РТЦГ.

Утре завршува мерката за намалено ДДВ за горива од 18 на 10 проценти што Владата ја донесе на 13 септември, а почна да важи од 15 септември. Утре се очекува и Регулаторната комисија за енергетика да донесе нова одлука за горивата која ќе важи во следните седум дена.

Намалувањето примарно се однесуваше на дизел горивото, овозможувајќи пад на цената за околу 2 денари по литар, наместо очекуваното поскапување.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика цената на дизелот се искачи на 104,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 е 99 денари, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 101 денар за литар.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано