Иран официјално ја заврши изградбата на стратешката железница Чабахар-Захедан, долга 730 километри.
Оваа железница ќе ги поврзе земјите од Централна Азија без излез на море со Индискиот Океан и треба да биде целосно оперативна за три до четири месеци.
Иранските власти објавија дека е завршено поставувањето на шините на делницата Чабахар-Ираншахр, како и во рамките на пристаништето Чабахар, со што се воспоставува железничка врска по оваа рута. Железничката линија Чабахар-Захедан е долга 630 километри, додека вкупната должина со поврзувачките линии е 735 километри.
По пуштањето во употреба, се очекува да има годишен капацитет од околу 2,2 милиони патници и 7,7 милиони тони товар.
Проектот вклучува 39 тунели со вкупна должина од 17 километри, 201 премини и специјализиран мост, како и речиси 2.000 дренажни објекти. По должината на трасата беа изградени 33 станици, а во проектот беа искористени приближно 90.000 тони шини произведени во Иран.
Проектот е особено важен за Авганистан поради можната врска со железницата Хава-Херат. По завршувањето на потребните железнички врски, авганистанскиот извоз и увоз би можел да се транспортира преку Иран до пристаништето Чабахар, а потоа до регионалните пазари и меѓународните води, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис








