Граѓаните во Швајцарија имаат просечни плати кои се меѓу највисоките во светот. И покрај ова, повеќе од 60 проценти од населението живее во изнајмен стан, што е највисок удел во Европа.
Стапката на сопственост на имот е најниска во Европа, но повеќе од 60 проценти од домаќинствата живеат во изнајмен простор.
Причината не е само цената по квадратен метар, иако е и меѓу највисоките.
Банките бараат висок аконтација, обично 20 проценти од вредноста на имотот, од која најмалку половина мора да биде готовина, а не сресдтва од пензиски заштеди.
За стан што чини 800.000 франци, ова значи учество околу 160.000 франци однапред.
Дополнително, се пресметува таканаречениот теоретски капацитет за отплата, според кој трошоците за домување не смеат да надминат една третина од приходот на домаќинството.
Поради високите цени, многумина не го исполнуваат овој услов и покрај добрата плата.
Другата страна на приказната е во законската регулатива. Правата на закупците се силни, договорите се долгорочни, а раскинувањата се ограничени. Семејствата можат да живеат во истиот стан со децении. Затоа, изнајмувањето не се перцепира како привремено решение, туку како нормален начин на живот, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис








